Патник низ времето

Еден од омилените ми филмови кои можам да ги гледам повеќе пати е „Враќање во иднината“, а една од причините поради која го сакам е и тоа што ме потсетува на детството.

Не дека жанрот фантастика ми е најомилен, повеќе сум по реалните приказни и филмови, но ги сакам и оние фантастични филмови кои имаат интересни теми каква што е на пример патувањето низ времето.

Чепкајќи денес по интернет, налетав на една интересна приказна која ме потсети на филмот.

Некој човек си немал попаметна работа (како и јас денес), и гледајќи стари фотографии на овој сајт, на една од нив приметил нешто кое не му се вклопувало во она што го гледал.

Фотографијата која му го привлекла вниманието е снимена во 1940 година во еден мал град во провинцијата Британска Колумбија во Канада.

Луѓето на фотографијата се собрани по повод повторното пуштање во употреба на еден мост во близина на градот.

time_traveler_1

Она што му го привлекло вниманието на љубителот на стари фотографии е високиот човек со темни наочари, маица со отпечатено лого на неа и џемпер во V форма.

Деталите кои му биле сомнителни не се само наочарите, маицата и џемперот (за кои сметал дека не постоеле во тоа време), туку и фризурата и апаратот (камерата) која ја држи во рака.

Човекот што ја открил фотката заклучил дека се работи за лице кое не припаѓа на 1940 година, т.е. дека на фотографијата заедно со другите лица е фатен и временски патник.

Time_Traveler_ХX

За фотографијата започнала дебата на два интернет форуми, која еден друг човек ја пренел со текст на овој сајт.

Прво е разгледана нејзината веродостојност.

Направен и е Error Level Analyser тест, познат како ELA тест, и утврдено дека врз фотографијата не се правени никакви корекции со фотошоп, што значи дека фотката од сајтот на виртуелниот канадски музеј е автентична.

Во текстот и коментарите оставени под текстот, луѓето најмногу коментирале дека е можно сите детали кои изгледаат невообичаено да постоеле во тоа време, иако прашање е како толкав број невообичаени детали се наоѓаат на еден човек.

По објавувањето на текстот и по дебатата која се водела, благодарение на интернет, стигнува уште еден доказ од друг човек дека лицето од фотографијата навистина било таму.

Еден човек кој го прочитал текстот, до авторот испраќа нова фотографија од настанот од 1940 година, на која се гледа дека лицето навистина било присутно таму на тој настан.

Откако ќе стигне втората фотографија, авторот на првиот текст, пишува и втор текст.

timetravelhipster2nd

Во првиот коментар оставен под овој втор текст, се вели дека човекот на сликата постоел во тоа време и бил рудар.

Но според напишаното во коментарот, очигледно е дека коментаторот само слушнал дека постоело лице (рудар) кое личело на човекот од сликата, но нема оставено фотографија од рударот, ни друг доказ дека таков човек постоел во тоа време.

Мене сомнителното лице воопшто не ми личи на рудар.

Time_Traveler_ХX

Авторот на двата текста на крајот заклучува дека фотографиите се вистински и не се корегирани, но дека е можно сите детали кои се невообичаени за тоа време да постоеле, и дека тие детали не се доволни за да се заклучи дека човекот е временски патник.

Мое мислење е дека временското патување не е утопија и дека е можно човекот на фотографијата да е временски патник.

What do you think?

YouTube Preview Image

64 Responses to “Патник низ времето”

  1. gocajаska Says:

    … го фатија на дело … сега ќе има последици … балансот ќе се наруши :0 ))) …

  2. mariage Says:

    Но, камерата повеќе личи за подоцнежно време.

  3. partik Says:

    Имаше едно време слични написи во врска со исчезнати пилоти кај Бермудскиот Триаголник…наводно некој се појавил подоцна. Темата е интересна и за дискусија и за уметничка обработка, но за сликава сум воздржан, зашто со појавата на фото-апаратот се појавија многу манипуланти со јавното мислење.

  4. 1979 Says:

    Гоцо, во март оваа година е откриена фотографијата, а на гугл веќе има илјадници линкови.
    А балансот одамна е нарушен :)

    Mariage, камерата не се гледа добро, но интересно е што уште никој не се јавил со доказ дека човекот од фотографијата навистина постоел во тоа време.

  5. mariage Says:

    Објаснување е, дека тој е дојден од друга далечна ѕвезда (планета), патувајќи низ просторот и времето со летечки објект (НЛО) кој се движел со брзина од 300 000 км/сек и на тој начин, во 1940 година, најверојатно, а можеби и порано тој-временскиот патник пристигнал на Земјата-во Канада.

  6. 1979 Says:

    Партик, фотографијата е тестирана и е заклучено дека не е корегирана со фотошоп.

    Дебатите се водат за тоа дали постоеле такви наочари, џемпер, маица со испечатено лого, таква фризура во тоа време…

  7. mariage Says:

    Тој што треба да се јави, да потврди дека тој човек постоел, денес треба да има 85-90 години. дали некој од групата што го отворале мостот е жив денес.

  8. 1979 Says:

    Кај го најде објаснувањето дека е дојден од друга планета?

    Инаку не мора да се јави некој што присуствувал на настанот за да потврди.
    Ако постоел таков човек во тоа време, сигурно за него постојат други документи, фотографии и слично во канадските институции, ако веќе нема негови потомци кои би потврдиле дека тој постоел во 1940-та.

  9. partik Says:

    Ако прашаш математичар, ќе ти каже дека е возможно…Кога бевме тинејџери, посакувавме да патуваме низ времето или да стануваме невидливи… :)

  10. gocajаska Says:

    … хе,хе … сепак прекрасно за вежбање сива маса ;)

  11. 1979 Says:

    Профа, откако го гледав Враќање во иднината, мислам дека е возможно :)

    Гоцо, ептен е убаво за вежбање, цел ден ја замарам сивата маса со читање линкови на англиски за овој пост, очи ми отекоа :)

  12. hemicarot Says:

    браво за постот
    /озбилен сум/

  13. 1979 Says:

    Драго ми е што ти се допаднал.

  14. outTake Says:

    Сум го видел ова негде на некој сајт.. Што знам, ако се змее у предвид дека сум луд по научна фантастика, онда е логично да поверувам.. ама па и не е толку чудно, тоа се случува.. само чекам кога јас ќе заминам негде :D

  15. 1979 Says:

    Ја би одел на многу места, само се чудам кој век да го изберам :) :)

  16. outTake Says:

    Идниот :D

  17. 1979 Says:

    Како што сме тргнале во идниот може да останат само камења и карпи на планетата Земја :) ))

  18. mariage Says:

    Фризурата на патникот, дали е од тоа време-1940 г?

  19. 1979 Says:

    И за фризурата се води дебата, спомнато е во постот.

  20. mariage Says:

    Теориски, можно е патување низ просторот и времето, но само во Иднина, во Минато, не.

  21. lullaby Says:

    Сега скоро читав некоја книга, научна фантастика од некој автор со Југословенско потекло кој живее и пишува во Америка (запамтив дека е доктор и професор), во која тврди дека појавата за која што пишуваш е не само возможна, туку наводно и собрал докази дека имало десетици такви случаи во некое си догледно минато време и истите ги опишува и образложува во книгата. Мене некако ми делуваше шарлатански напишана и не го сфатив здраво за готово, па не се ни потрудив да го запамтам името ни на авторот ниту на книгата, ама ќе пробам да ги најдам тие податоци, и да не е вистинито сепак е занимливо да се прочита. Ги спомнува и пилотите од Бермудскиот Триаголник

  22. lullaby Says:

    Најдов, најдов…
    http://sr.wikipedia.org/sr/B._D._Benedikt
    Јас ја читав “Паралелен свет”
    Повеќе делува како популарна шпекулација и литература за забава отколку некое научно дело, некои примери се крајно смешни и детинести а некои ќе те наведат на размислување и можат да се најдат на интернет наведени и од други извори што сепак не е гаранција за нивната веродостојност.
    “Експеримент Делпас” (од друг автор) исто така има интересна теорија за манипулирање со просторот и времето а е поткрепена и со некои научни испитувања (иако тоа не е основната тема на книгата)
    Многу интересна тема. Времепловите ми се слабост :D

  23. mariage Says:

    моделот на Минатото и Иднината е како два конуси со заедничка оска, споени со врвовите, во која точка на спојување е Сегашноста.

  24. 1979 Says:

    Mariage, прво извини што по грешка ти избришав еден коментар. Наместо еден спам коментар сум го избришал твојот.
    Зошто мислиш дека би можело да се патува само во иднината, а не и во минатото?

    Lullaby, и на мене времепловите ми се една од најинтересните научнофантастични теми :)
    Ќе побарам нешто на интернет за авторот кој го споменуваш.
    Инаку имам читано некаде дека и Бермудскиот триаголник се поврзува со патувањето низ времето, дека авионите и бродовите кои се губеле во него се појавувале во друго време и на друго место на планетата.
    Ќе видам дали можам да најдам нешто и за “Експериментот Делпас“.

  25. mariage Says:

    Времеплов и парадоксот на дедото! Еден од аргументите против патување низ времето содржан е во прашањето: зошто таму не сме ги сретнале нашите потомци? Зошто временските патници не влијаеле на некои клучни настани во историјата на Земјата?
    Од друга страна, ако посетителите од иднината се замешаат во минатото, можеби за тоа никогаш нема да бидеме свесни, затоа што и нашето сеќавање ќе се помести заедно со историјата. Што би се навистина случувало кога би можеле да патуваме во минато?
    На научниците оваа идеја однапред не им се допаѓа, зошто така би можеле да ги нарушат законите на причини и последици. Исто така, тој проблем е веќе долго предмет на расправа и забава помеѓу научниците и познат е како “парадоксот на дедото“…

  26. mariage Says:

    1979, веќе два мои коментари ги бришиш, намерно или не?! поздрав.

  27. 1979 Says:

    Mariage, по грешка ти беше избришан еден коментар заедно со еден спам коментар. Откако прво беа ставени во спам (твојот по грешка), и твојот и спамерскиот беа избришани заедно, и затоа овие два дополнителни твои коментари останале заглавени како спам.
    Извини за грешката.

    Во еден коментар погоре имаш напишано дека теориски е можно патување само во иднината, но е и во минатото.
    Мислам дека ако може да се патува во иднината, тогаш не би било проблем да се патува и во минатото. Ако постои таканаречена “временска врата“ би требало да се патува и во двата правци.
    “Парадоксот на дедото“ не ми е познат, ќе погледнам на интернет.

  28. mariage Says:

    продолжение: Парадоксот на дедото! проблемот може да се постави и вака: патник низ времето заминува во минато и во сплет на околности или со погрешна намера, го убива својот дедо, во доба кога кога уште бил млад и кога немал деца. Тоа значи да еден од родителите на патникот никогаш не можел да биде роден – па, значи и самиот патник. Ако никогаш не постоел, тогаш не ни можел да го убие својот дедо.
    Најлесен начин да се одговори е да , на основа на овој парадокс патување во минато не е можно. Меѓутоа, земајќи во обзир да временските дупки овозможуваат премин во двете насоки, оваа опција отпаѓа.
    Реално е објаснувањето по кое било каква интервенција во минато е невозможна, па патникот во минато нема да можи да го убие својот дедо – затоа што ќе се испречи некој настан кој на дедото ќе му го сочува животот “од нафрлување на некој непознат човек“, за кое патникот би можел да провери во семејните анали.
    Не е, сепак невозможна ниту верзијата по која дедото би настрадал и патникот би преживеал. Зошто, самото влегување на патникот во минато автоматски предизвикува промена на историјата, која се одвива паралелно со оригиналниот временски тек. Значи, ќе постои стварна истрија и нова историско-временска линија, која се отвора со влегување на “натрапникот“. Од свијата временска димензија патникот би можел да изврши било какви промени – дури и себе да се елиминира од минатото, а тоа да нема влијание на неговото лично минато…

  29. mariage Says:

    коментарот ќе продолжи

  30. ili Says:

    Немав трпение да ги исчитам и коментарите, па не знам што сте дискутирале и затоа ќе бидам кратка.
    Патувањето низ времето отвара и друго прашање што мене ми е поинтересно – за постоењето на паралелните светови (вселени). Дали е тоа само патување од еден во друг простор?! Значи постоиме во овој свет, но веројатно и во некои други, само не сме свесни за тоа.
    Можеби главоболките почнале со Ајнштајн. Пред него времето било апсолутно :)

    А инаку симпатичниот тип на сликата сигурно не е од `40-та. Прашањето е како стигнал таму? Има и други слични приказни кои Д(П)окажуваат дека патувањето низ времето е возможно, ама до сега никој научно не објаснил како тоа се случува. За мене лично ако не може да се реши со равенка – не постои…Сега за сега се само сомнежи и безброј прашања…
    позз

  31. mariage Says:

    ili, сепак прочитај ги коментарите, таму веќе ќе најдиш нешто од одговорите. Поздрав.

  32. mariage Says:

    временски ходници
    порта на боговите

  33. mariage Says:

    дилатација на времето

  34. mariage Says:

    летечки чинии
    кругови во жито
    паралелни светови
    Роузвел-Ново Мексико

  35. ili Says:

    mariage, е колку што повеќе читам, толку повеќе прашања имам. На пример како може една иста материја да се наоѓа на две различни места, во две различни времиња? Или тоа е само осет на нештата? Едноставно сакам прво да можам да го дефинирам времето, оти сега за сега во состојба сум само да го мерам, па после да видам што ќе правам со посложените работи :)
    Инаку ми стои пологично објеснувањето оти ако се патува тогаш веројатно е само во иднината.
    Гледам имаш познавање од темава, па не би било лошо да продолжиш да пишуваш, можеби и во свој пост. Давај ни цели реченици…

  36. lepangelina Says:

    ова е чудесен свет!
    поздрав на сите

  37. nil Says:

    http://www.qedcorp.com/pcr/pcr/parauniv.html

  38. outTake Says:

    mariageb, ај пиши си пост ти од коментариве, па среди го убаво ;)
    Вака расфрлано по коментари, ретко кој ќе читне, а и овој црн темплајт замара..
    Ангелино, НА ви поздрав а? цц! :D : )))

  39. ili Says:

    Црниот темплејт е супер. Баш му стои…

  40. outTake Says:

    ммммм.. а бе му стои, не му пада, ама тешко е за читање! :О
    Или мор! :P

  41. xmidpoe Says:

    Друже ај вака…ти почесто немај што да правиш и сурфај и вади вакви интересни работи :)

    Стварно супер супер пост, алал нека ти е……супер супер коментари…Одлично Одлично…

    Патување низ времето….кој би ја поседувал таа моќ да изиграва што сака и да менува работи како што сака….? Ако таа работа му се даде на човек, мислам дека ќе направи полошо бидејки ќе се води од сопствени интереси….како и да е стварно интересна слика…

    А едно друго во врска со сликата…
    Што ако дирекно е интервенирано на негативот? Дали тогаш преку тестирања може да се докаже дека не е никаква монтажа?

  42. lepangelina Says:

    ауттејк, малку ми е напорно да читам долги текстови, (мислам на комнетарите) бело на црно.
    а на темата патување низ времето немам читано толку за да можам да се вклучам во коментирањето. тоа што го знам е веќе кажано.
    ама баш ми беше убав таков лефтерен муабет :)
    затоа ве поздравувам сите

  43. 1979 Says:

    Mariage, најдов за парадоксот – се смета за најпозната теорија кога е во прашање патувањето низ времето.
    Сепак и тоа е само една од теориите која ќе остане само теорија, се додека не се докаже дека е можно патувањето низ времето.

    Или, физичарите кажуваат дека не постои закон во физиката со кој може да се побие можноста за патување низ времето.
    Точно е и дека главоболките почнале со теориите на Ајнштајн :)

    Според законите на физиката патувањето низ времето е можно, само за да се изведе тоа потребна е голема енергија, која моментално научниците на планетата Земја не можат да ја произведат.
    Сепак тоа не значи дека во некое идно време нема да може да се создаде таква енергија.
    Во овој клип еден физичар многу добро го објаснува тоа

    http://www.youtube.com/watch?v=X02WMNoHSm8

    За паралелните светови, мислам дека се малку поширока тема.

  44. 1979 Says:

    Lepangelina, баш чудесен свет. Поздрав и за тебе :)
    http://www.youtube.com/watch?v=M3OTNgtXtOI

    Нил, фала за линкот. Ќе го разгледам.

    OutTake, како нема да те болат очи кога си редовен пациент на блогерајот :P
    Знам дека малку е напорен темплејтот, ме нервира и мене и затоа нонстоп стискам ctrl и + , за да ми бидат поголеми буквите кога веќе решиле да ми бодат очи :)

  45. 1979 Says:

    Xmidpoe, твојот коментар чекал модерирање затоа што првпат коментираш.

    Драго ми е што толку многу ти се допаднал постот :)

    Мислам дека е можно водечките светски сили да прават обиди за конструирање на временска машина, но тоа секако се строго чувани тајни.
    Доколку некоја светска сила успее да ја конструира, не верувам дека ќе мислат многу на последиците од нејзината употреба.
    Доволно е да се сетиме само на атомската бомба која Американците без размислување ја “тестираа“ во Хирошима и Нагасаки.

    Само што најдов изјави на двајца руски научници кои тврдат дека експериментот што сега се спроведува во Швајцарија, со кој научниците се обидуваат да го разбијат атомот на најситни делови за да создадат што е можно поголема енергија, може да создаде временски тунел и да овозможи патување низ времето.
    Ако те интересира повеќе, имаш овде
    http://www.dailymail.co.uk/news/article-512733/The-worlds-time-machine-Tunnel-past-open-door-future-months-say-Russians.html

    За фотографијата, не знам како и до кој степен е можно да се влијае на негативот, но никаде не најдов тврдења дека е можно на тој начин да била корегирана фотографијата.
    Ако најдам нешто за тоа, ќе пишам во коментар.

  46. mariage Says:

    продолжение: Парадоксот на дедото: Во третата варијанта – ако и би го убил дедото, па со тоа и себе би се елиминирал – законите кои владеат во Универзумот би го спречиле парадоксот, така што патникот автоматски би го вратиле во една поранешна точка во времето – на пример во мигот кога прв пат се појавил во минато. Према теоријата на хаосот ниедна акција на патникот низ времето, никогаш не може да се повтори на потполно ист начин и патникот не би можел да го убие својот дедо. Самиот чин на враќање во поранешна фаза би предизвикал “ресетирање“ на сеќавањето на патникот, така да тој може да се сети на обидот да го “елиминира“ дедо си, но никогаш не би дознал дали во тоа успеал.
    Сите овие теории имаат една заедничка нишка: дозволуваат можност за патување низ времето, но не и мешање во причинските закони.

  47. mariage Says:

    Временски ходници: Ако нас навистина не посетуваат и не пратат некои суштества, не е потребно тие да потекнуваат од некоја друга планета. Доволно би било да бидат од некое друго време.
    Прашање: Што ако НЛО (Неидентификувани Летечки Објекти) се од друго време, а не од друго место? Патување низ времето не е евентуална можност – тоа е неизбежоно. Сите ние се движиме низ времето, померувајќи се секоја секунда нанапред вдолж линијата на иднината. Сите ние се движиме низ времето.
    За да се истражи можноста за патување низ времето, на други начини, различни од дневната егзистенција, важно е да се разбере концептот по кој времето не е константа во Вселената, туку субјективен феномен, еден вид чисто лично доживување. Додека било која поединечна точка во вселената патува низ времето на вообичаен начин, секунда по секунда, тоа не значи дека истото се случува и со сите останати точки.

  48. loneliness Says:

    ќе ме снема на “кратко” и одма забегувате…

  49. 1979 Says:

    Mariage, во линкот подолу дадени се размислувањата на Ајнштајн за патување низ времето. Според него може да се патува и во минатото.

    http://osvestise.team-forum.net/forum-f16/topic-t42.htm

    Ако е можно како што викаш, вонземјаните да доаѓаат од друго време а не од друго место, тоа би значело дека човекот и во иднина ќе продолжи да еволуира и ќе изглeда како оние кои се најдени при падот на НЛО 1947-та во Розвел.

    http://ibelieveinhumans.com/wp-content/uploads/2009/12/2009-12-18_roswell-alien.jpg

    Осамена, да не си пак во Америка “на кратко“? :P

  50. mariage Says:

    1979, точно, човекот ќе продолжи да еволуира. Ако, дозволите: Роузвел е градче во Ново Мексико, САД, стана познат ширум светот, благодарение на наводно вистинит настан од 1947 година, кога према уфолозите, американската влада овде тајно ги истражувала остатоците на срушената “летечка “чинија“ и телата на неколку уфонаути, а меѓу нив и еден кој го доживеа падот. . .

  51. mariage Says:

    korekcija: … кој го преживеа падот…

  52. mariage Says:

    на НЛО била испишана следната порака: -Ние, најподготвени
    -Ние, најголеми воини
    -Ние, божества меѓу орлите

  53. loneliness Says:

    Не баш, за жал. Да не сакаше да тркнам до Тексас да прашам нешто што те интересира? :D

  54. mariage Says:

    loneliness, тркни до Аламо, каде што се одигра една од битките за слобода на Тексас! Види што има, што нема таму!? поздрав.

  55. loneliness Says:

    mariage и да видам дали си таму? Ако си таму што да ти кажам?

  56. mariage Says:

    Не, јас не сум таму, но ти распрашај се за Дејви Крокет, , нешто за чинот на неговото загинување во одбраната на Аламо, атакувано од мексиканците, предводени од Санта Ана! Поздрав.

  57. 1979 Says:

    Не ги разгорувајте страстите, и онака е +50 :)

  58. mariage Says:

    Не, нема проблем, само што и завидувам на loneliness што, блазе си и, е во Тексас. Поздрав.

  59. 1979 Says:

    Не е во Тексас, лошо си ја разбрала. Тука е, а сака пак да оди во Америка.

  60. mariage Says:

    Добро е да се патуава.
    - Околу Роузвел: Штоа ако – како што се шпекулира – помеѓу владата на САД, а можеби и Русите, уште во 1952 година под принуда е остварен договор за соработка, но под условите кои ги диктирала вонземјанската страна!? Таа година, а према најголемите шпекуланти, Америка безусловно го прифатила постојаното присуство и надзор на една група вонземјански научници на чие чело се наоѓа веќе легендарнит Валијант Тор.

  61. loneliness Says:

    Сакам пак на Бора Бора, не во Америките :D И доста со мистерииве, ќе ви счади мозочето и онака ќе си умреме во незнаење:)

  62. mariage Says:

    loneliness, значи планираш да одиш во Француска Полинезија – на Друштвените острови. Е, па убаво, добро да се прошеташ, да видиш убави работи и да ни раскажиш

  63. voodoo Says:

    јас сум луд по научна фантастика

    мене една од поомилените книги ми е “Time Machine” на HG Wells
    со која започнува се и тука се удираат темелите кои и до ден денес ќе бидат употребени (злоупотребени) во многу книги и филмови

    но,патување низ времето не е возможно,не си играјте мајтап со мозокот,све е тоа убаво како идеја,супер забава,но такво нешто не постои,така да не се замарајте многу со филозофирање

  64. 1979 Says:

    Го гледаше клипот со физичарот?
    http://www.youtube.com/watch?v=X02WMNoHSm8

    Имаш и други линкови низ коментарите горе. Погледни некои ако не те мрзи.

    Ајнштајн исто тврдел дека е можно. Така да повеќе сум на негова страна :)

Leave a Reply

You must be logged in to post a comment.